After Midnight

Јас немам срце, ти немаш душа!

Оние работи кои ги имаш, секогаш се помалку од работите што ги немаш. И она што си, никогаш нема да е она што сакаш да бидеш. Како да се надеваш на среќа?

„Ветрот и цвеќето“

Ветрот среќава прекрасен цвет и се вљубува во него. И нежно гајелќи го, цвеќето одговорило со уште повеќе љубов изразена во бои и мириси.

Но на ветрот тоа му се сторило малку и тој решил:

–        Ако јас ја дадам целата своја моќ и сила на ова цвеќе, тоа ќе ми возврати многу повеќе…

И тој дувнал кон цвеќето со моќниот здив на својата љубов. Но цвеќето не издржало на ударот на бурната страст и се скршило.

Ветрот се обидел да го подигне, да го оживее, но не успеал. Тогаш тој замолчел и се обидел да вдахне на веќе мртвото цвеќе живот со помош на својата љубов, но тоа овенало пред неговите очи.

Извикал тогаш од дното на својата душа  ветрот:

–        Јас ти ја посветив целата моќ на својата љубов, а ти се скрши! Очигледно е дека во тебе немало доволно сила за љубов кон мене. Значи, ти не си ме сакало!

Но цветот не одговорил. Бил мртов…

Оној што љуби треба да знае дека не силата и страста ја мерат љубовта, туку нежноста и грижата. Подобро десет пати да се воздржиш, отколку еднаш да пресечеш…

*Најубавиот подарок што можеш да го дадеш на некого е твоето срце. Тоа се твојата добрина, твоето време, твојата љубов кон него.

*Некој секогаш чека некого, а другиот никогаш не се враќа. Секогаш некој сака некого малку повеќе отколку што е сакан и после извесно време тој некој посакува да го уништи другиот, за да не му предизвикува повеќе болка.

Напиши коментар