After Midnight

Јогуртот како афродизијак

Група научници од Технолошкиот институт од Масачусетс – МИТ , дојде до откритие дека  јогуртот може да делува како афродизијак, пренесуваат француските медиуми.

Истражувачите на почетокот го испитувале влијанието на јогуртот со вкус на ванила на организмот (со испитувања вршени на глувци) подложен на потполно неправилен (нездрав) начин на исхрана – бургери, чипсови, газирани пијалоци, но во текот на испитувањата утврдиле дека јогуртот има силно афродизијачко дејство.

Се работи за тоа дека тестисите на глувците на конзументите на јогурт биле за оклу 5% потешки отколку кај оние кои се хранети на класичен начин, а за 15 % поголеми отколку кај оние кои се хранети на нездрав начин.

Таа трансформирана морфологија, била пропратена  и со сјајно влакно и тоа погусто за 10%.

Глувците под “јогурт” режимот на исхрана биле и подобри при создавањето на потомство.

Се претпоставува дека тоа е резултат на пробиотичките бактерии во јогуртот кои го подобрувале здравјето на глувците, а со самото тоа и нивното либидо.

Напиши коментар