Американската тинејџ ѕвезда Justin Bieber собори уште еден рекорд на YouTube. Неговиот спот за песната „Boyfriend“ е прегледан цели 8 милиони пати во рок од 24 часа.
Претходниот рекорд го држеше Rihanna со спотот за песната „Where Have You Been“ и тоа цела претходна недела. Досега спотот на Bieber има собрано над 20 милиони гледања.
Инаку, на пејачот ова не му е прв рекорд на најпознатиот видео сервис за преглед на видео спотови. Ако се сеќавате, тој беше првата личност која со свое видео доби над 2 милијарди прегледи на YouTube.
Најновиот албум на 19-годишниот Bieber треба да излезе во продажба на 19-ти Јуни.