Ако сте во потрага по својот рицар но нешто ви пречи да го откриете, тоа е знак дека треба да ги преразгледате своите постапки. Осамените жени прават некои основни грешки во процесот на опознавање по време на првиот состанок. Мислејќи дека не сте на ниво на љубов, вие нема ни да ја добиете. Некои жени се неуверени во својот сексапил и привлечност, а тоа ги води до мислата дека ги одбиваат мажите. Не постои човек што не заслужува да биде сакан, но ако сте се убедиле дека ќе останете сами, тоа е веќе друга работа. Оваа наша позиција нема како а да не окаже влијание врз секој наш збор или постапка. Пред се мислете за себе со достоинство. Така ќе имате реална преценка за себе и за тоа како изгледате во очите на другите и грижете се да ги избегнувате негативните мисли за вас самите. Имајте во предвид дека вистинските мажи се малку, но сепак постојат и може да сретнете еден од нив во секој момент. По непишани природни правила, дамите се привлечени од мажи кои не се интересираат многу за нив. Ако се ослободите од слични погубни навики, тогаш ќе успеете да го откриете вистинскиот за вас.
Факт е дека мажите, мислат за жените дека не секогаш знаат што сакаат! Според нив кај жените не може да се бара логика и дека се големи фантазерки. За жените пак секогаш било загатка зошто е тешко да го задржат интересот на мажот подолго. Одговорот е лесен, едноставно копирајте го машкиот начин на поведение. Не давајте никакви објаснувања, оставете го телефонот да си ѕвони, однесувајте се како да не ви е грижа за ништо и нема начин да не успеете.
