After Midnight

Каде грешат “single” девојките?!

Понекогаш и девојките кои имаат високо ниво на самодоверба знаат да остават впечаток на несигурна личност, на која на лицето може да и се прочита дека очајно и е потребен маж. Најчеста причина која всушност го одбива посилниот пол е токму таа. Уште една голема грешка која се случува во ова современо време е дека жените обично се впуштаат во сексуални односи со мажите со надеж дека сексот ќе прерасне во врска. Фактот е сепак поинаков. Мажите емотивната и сексуалната врска ја доживуваат на два, потполно различни начини.

Она каде што жените највеќе грешат е барање на маани. Во состојба се да пронајдат и 200 негативни особини кај машките. Наместо да се дружат, разговараат и да го прифатат онаков каков што е, тие ситничарат и го анализираат до детали. Доколку навистина некој ви се допаѓа, престанете да го скенирате и препуштете им се на поважните работи или продолжете во потрага по ново маж.

Кај некои жени е проблем што целат на машката сексуална, а не емотивна страна. Ова е погрешно, тие мислат дека мажите првенствено се сексуални суштества и сметаат дека ако го привлечат во сексуален смисол, ќе успеат и во емотивен. Мажите тие две работи ги одвојуваат!

Важна работа која негативно и одбивно делува на мажите е женската несигурност. Таков впечаток тие оставаат не само со желбата за физички контакт во јавност, туку и зборувајќи лоши работи за своето поранешно момче или со неуморно озборувње на другите жени. Озборувајќи ги другите жени оставате впечаток на сопствена несигурност.

Пробирливите жени исто така, со таа особина знаат да направат голема грешка. Секако, не треба да се согласите на состанок или врска само затоа што некој тоа го сака, но не треба ни да ги одбегнувате мажите само затоа што не се облечени по последна мода. Можеби некој на прв поглед не изгледа онака како што вие го замислувате својот принц на бел коњ. Но никогаш не можете да дознаете какви се квалитети има доколку не му дозволите да ви ги покаже.

Write A Comment