After Midnight

Како да го натерате мажот да направи се што сакате?

Многу е лесно да се присили со уцена сопругот, синот или партнерот и да го натерате да направи нешто што вие сакате, но таквиот гест веројатно ќе го уништи вашиот однос со таа личност. Клучот за оваа ситуација лежи во тоа да на мажот му пружите нешто за возврат. Направете да верува како вашата цел, е вредна за да се потруди. Ние ви предлагаме, неколку совети кои ќе ви помогнат да го постигнете она кое сте го замислиле.

 Замолете на убав начин

Понекогаш е доволно мажот да знае дека ќе го цените она кое го прави за вас. Доколку вашиот син не измил садови две недели, не му држете предавање, туку на убав начин, прашајте го зошто се случило тоа?

Нахранете го неговото его

Мажот, всушност и било која личност , со поголема веројатност ќе се одлучи да направи нешто за кое мисли дека единствено тој е најсоодветната личност која тоа ќе го направи добро. Пофалете го како тоа до сега го направил и дека само неговиот начин на робота може да направи разлика и добар ефект.

Бидете обзирни спрема неговите обвски и потреби

Вашиот син, веројатно со радост ќе ги измие чиниите, но доколку го барате тоа непосредно пред состанок, од убедувањето нема ефект.

Најдете прав начин како ќе го замолите да направи нешто за вас.

Покажете му дека ќе има ефект од тоа

На, пример, доколку сакате вашиот сопруг да ја исчисти гаражата, објаснете му како на тој начин, ќе може конечно да го внесе автомобилот без никакви потешкотии. Не морате да го подмитувате мажот , за да го направи она кое го сакате, но јасно дадете му до знаење дека неговиот труд ќе му биде од корист во повеќето случаи. Но, нема ништо лошо ниту во подмитувањето, од време на време, се додека тој знае што е мито и додека истото не му смета.

Пронајдете го вистинското време

Според едно истражување , најдоброто време за да го замолите вашиот маж за услуга е 18:00 ч. Со предпоставка дека, мажот ви пред тоа имал пријатен ден.

 

 

 

Напиши коментар