After Midnight

Како да ја победиме соперничката?

И сепак, кога вашиот партнер скривнал во неправилна насока, не губете надеж дека се е загубено. Имајте самоконтрола, и не правете никакви пребрзани и непромислени постапки. Еве што треба да направите:

  1. Дури при првите ваши сомнежи за тоа, дека тој има љубовница, треба веднаш да превземете мерки. Не губете време и реагирајте колку е можно побрзо.
  2. Не ги покажувајте вашите сомнежи и емоции пред него. Не правете скандали. Не бидете хистерична. Бидете она што сте, како и обично, присебна, и правете се како ништо да не се случило.
  3. Обидете се преку заеднички пријатели или на некој друг начин тој да дознае за вашите успеси во работата и кариерата, и колку сте вие самоуверена поради тоа. Самоувереноста на една жена е афродизијак за мажот.
  4. Сменето го имиџот – нова визија, нова фризура, нова шминка, нов парфем. Направете се што е неоходно за да изгледате привлечна на сите околу вас. Можеби рутината и монотонијата е причината што го натерала да посегне по друга. Затоа не и давајте шанси на рутината да продре во вашиот живот. Бидете креативна.
  5. Еве еден интересен трик што со гаранција делува. Направете така да се појават службени ангажмани навечер или за време на викенд, семинари, обуки, конференции. Предизвикајте го чувството за собственост кај мажот, што и не би требало да е многу тешко, бидејќи како што сите жени знаеме, го имаат и повеќе од потребно.
  6. Организирајте вашите колеги и пријатели ( претежно од машки род ) да ве бараат по телефон кога не сте на работа и кога во близина е вашиот партнер. Разговарајте пред него, смејте се, бидете забавна и остроумна. И така борејќи се да ве освои повторно, ќе нема доволно време за таа другата. Ви посакувам успех!!!

Напиши коментар