Free zone

Како да ја разбудите дивата страна на својата сакана?

Има многу начини за да го разбудите “дивиот ѕвер” во вашата партнерка. Најочигледниот и најкорисниот резултат од тоа ќе биде добриот секс. Затоа пробајте:

Купете и костим

Доколку сакате поголем ефект купете и костим, ги имате многу на избор: полицајка, медицинска сестра, чистачка… доколку таа не сака да облекува такви костими тогаш сигурно ќе ја погодите со ултра секси долна облека. Кога жената се чувствува секси, и има поголема самодоверба во креветот се случуваат чуда.

Предизвикајте ја

Предизвикајте ја на секси танц, стриптиз, дајте и идеја и иницијатива за нешто поразлично. Некогаш на жените им е доволно само да им се покаже желба за нешто лудо, а тие се веднаш спремни да го сторат тоа.

Затворете го патентот

Некое време апстинирајте од секс, само не претерувајте па таа да помисли дека повеќе не ве возбудува. Направете го тоа тактички, направете таа да гори од желба да ве има повторно во кревет.

 

Напиши коментар