After Midnight

Како да откриете прељуба!!!???

Светските статистики покажуваат дека мажите имаат поголема склоност кон прељуба отколку жените. Повеќето жени скоро никогаш нема да прават прељуба само поради секс. Причините за прељуба воглавно се однесуваат на недоволното внимание на партнерот и кавгите.

Небитно за кого станува збор и кој е прељубникот, Вие најверојатно се прашувате дали е воопшто можно да се открие прељубата.

Обратете внимание на следниве моменти!!!

Си ја ишка мувата од капата. Вашиот партнер често почнува кавга без причина. Ве обвинува за прељуба како би ја прикрил својата.

Поминува подолго време пред компјутер, го прекинува секој разговор кој му е започнат, и одеднаш почнува да ви обрнува внимание, меѓутоа со чудно прашање!!!

Одеднаш почнува да троши повеќе пари на дотерување.

Нервозен, поинаку се изразува и го интересираат нови подрачја кои до тогаш му биле далечни и никогаш не Ви ги спомнал како омилени.

Изгубил интерес за секс и блискост со Вас. Сексот и не е така битен може е само момент на поголеми работни обврски но ако ја нема блискоста тогаш треба да обрнете поголемо влијание.

Пријателите и роднините воочуваат дека нешто не е во ред.

Често отсуствува од дома, заборава на обврските и слабо комуницира со Вас.

Во еден момент тој станува претерано љубезен  и внимателен. Ве опсипува со разни поклони за да Ве придобие само затоа што го мачи совеста.

Што да направите?

Погледнете го неговиот паричник и џеповите, можеби крие нешто што може да го издаде.

Контролирајте ја неговата сметка.

Проверете ја телефонската сметка особено излезните повици.

Проверете го бројачот за километри на колата.

И СЕТО ОВА САМО ДОКОЛКУ СЕ СОМНЕВАТЕ. НО ВНИМАВАЈТЕ МОЖЕ И ДА НЕ Е ТАКА И ВИЕ ДА ЈА ИЗГУБИТЕ САКАНАТА ЛИЧНОСТ !!!

Бидете внимателни!!!

Напиши коментар