After Midnight

Како да провалите дали е добар во кревет?

Одредени знаци може да ви ги покажат неговите способности во кревет, и подобро е тоа да го знаете пред да завршите таму нели?

Џентлмен

Како во љубовта така и во сексот, важно е тој да биде џентлмен. Ако внимава на ситниците, ви ја отвара вратата од автомобилот, го памти она што сте му го кажале со сигурност е таков и во креветот, внимателен.

Знае како да ве допре

Мажите кои сакаат само секс, жената ја допираат само за да ја доведат до секс. Големите љубовници знаат како да ја допрат жената, да ја наежат, нежно и сензуално. Ако нежно ве допира по раката и кога сте во ресторан или додека шетате, тој маж ќе знае како да ве “допре” и во кревет.

Не се гледа само себе си

Ако му е важно каде сакате да одите заедно, што да јадете, дали ви е удобно… тој ќе се грижи и за време на сексот дали уживате дали ви е убаво…

Не брза

Оние мажи кои се во постојано брзање, такви се и во сексот. Сакаат секс на брзиа без нежности, прегратки и убав разговор по сексот.

Прави да се чувствувате убаво

Незаборавен секс е оној во кој сте опуштени, слободни, немате никакви двоумења затоа што знаете дека партнерот ве почитува. Ако тој знае да ви подели комплимент и штом ве погледне прави да се чувствувате секси и атрактивно, тогаш помеѓу вас постои хемија која едноставно прави експлозија во спалната соба.

Напиши коментар