Free zone

Како да се спасиш од опсесивна девојка?

Прекинете секаков контакт

Сте се обиделе безброј пати да раскинете но таа тоа не го прифаќа. Ви се јавува, оди на кафе со вашата мајка и се однесува како да не сте раскинале. Време е тоа да го прекинете. Не одговарајте и на повиците и пораките и кажете на пријателите и роднините да го направат истото.

Не се согласувајте на уцена

Плаче, ве моли, ве проколкнува вас дури и ве уценува. Сето тоа го прави само за да не раскинете , па дури е спремна и да ја изговори реченицата како обично што гледаме во филмовите: “ќе се убијам ако ме оставиш”.Ако тоа се случи време е да побара стручна помош. Таа има сериозни емоционални проблеми со кои вие не сте во состојба да се справите.

Сексот е лоша идеја

Можеби ќе се појави одеднаш и ќе се обиде да ве заведе. Ќе си помислите дека малку забава нема да боли, но токму таа грешка ќе биде фатална. Не заборавајте со кого имате работа и спротивставете се на сите искушенија пред кој таа ќе ве стави. Многу е веројатно дека престанала да пие апчиња за контрацепција и сака да го употреби стариот трик- да фати фраер за бебето.

Напиши коментар