Celebrity

Како е да се снима со Анџелина Џоли?

Актерот Раде Шербеџија, кој заедно со Анџелина Џоли го снимаше филмот „Во земја на крв и мед“ проговорил за својот однос со режисерката.

–          Се согласи малку да го измени ликот кој го глумам. Им објаснивме на гледачите поради што во тој човек гори желба за одмазда и зошто ги прави тие негативни постапки. Луѓето мислат дека ја познаваат Анџелина бидејќи читаат за неа, но не знаат апсолутно ништо. Малку се режисерите кои знаат да им го дадат срцето на актерите за време на снимањето. Таа успеа во тоа. Џоли е топла и чувствителна личност. Кога ме прашуваат каква е како режисерка, не знам што да им одговорам, знам само каква е како пријателка, – изјавил Шербеџија.

Раде одговорил и на прашањето зошто од Америка се вратил во Хрватска:

–          Се преселив минатата година од Лос Анџелес назад во Хрватска. Го обожавам Јадранското море, па сакав да бидам поблиску до него.

Напиши коментар