← НАЗАД НА БОЗА

Како им е на мажите, по раскинувањето?

Како им е на мажите, по раскинувањето?
2547 Читања

Сите знаеме, како жените го поднесуваат прекинот на врската и дека ништо на светот не може да направи  девојката да се чувствува толку лошо, како што е случајот на раскинување со саканата личност. Но, дали некогаш сте се запрашале како им е на мажите во таков случај?

И мажите се плашат дека девојките за кои се заинтересирани ќе ги одбијат и подеднакво се плашат, секој пат кога ќе им пратат порака , дали ќе им биде возвратена.

Исто така, страшно патат кога ќе ги напушти саканата личност, но тоа го манифестираат многу поинаку од припадничките на спротивниот пол.

Кога ќе се случи она најлошото, ти е проаѓаат низ 6 фази кои ќе ви ги претставиме во следниов текст:

1.    Негирање

Откако мажот е одбиен и оставен, прво ќе негира дека не е доволно добар за таа жена.

Тогаш на сцената стапува другата фаза.

2.    Опивање

По одбивањето или раскинувањето и негирањето, мажите сакаат горкото сознание да го исперат со огромна количина на алкохол.

Ги повикуваат другарите и заедно со нив ја критикуваат  бившата девојка, а неретко ги поминуваат ноќите со потполно непознати жени, кои ги среќаваат по баровите. Утредента , по правило, се чувствуваат многу полошо.

3.    Повикот за помош кај пријателките кај кои имаа бенифиции

Сексот во оваа фаза се чини како решение за сите проблеми и начин да се загушат чувствата према личноста која ги оставила и ги одбила. Затоа мажите во оваа фаза ги викаат пријателките кои се поинтимни со нив, па дури и проститутките. Во текот на целата фаза гледаат многу порнографија.

4.    Голема промена

Во оваа фаза мажите , “се кршат на колена”  и си соопштуваат на себе си дека, нема повторно да се вљубат. Одлучуваат, жените во иднина да им бидат само љубовници и дека повеќе нема да си дозволат на себе си, емотивно да се врзат.

Така се однесуваат доколку се во можност.

5.    Уште алкохол

Кога ќе сфатат дека животот без љубов им е невозможен, повторно му се враќаат на алкохолот и се трудат тоа сознание да го заборават.

6.    Прифаќање

Штом ќе осетат озбилен мамурлук и ќе сфатат дека повеќе не можат да поднесат алкохол, одлучуваат да ја прифатат ситуацијата онаква каква што навистина е и се одлучуваат да им се посветат на активности кои ќе им ги одвлечат мислите од скршеното срце.

Како поминува времето, сфаќаат дека девојката која ја сакале не е за нив  и им е жал што толку време им било потребно за да го зфатат тоа.

Дали и вие сте поминале низ вакви фази?

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk