← НАЗАД НА БОЗА

Како изгледа вистинската жена?!

Како изгледа вистинската жена?!
3174 Читања

Вистинската жена е силна и храбра! Таа не се предава ни откажува при првата пречка, паѓа, станува и продолжува напред. Нема ништо на овој свет толку силно за да ја спречи да ги оствари своите мечти. Таа верува во себе и знае дека еден ден ќе го добие она што и припаѓа, зошто животот е тркало што се врти и еден ден секој го добива заслуженото.

Силната жена е онаа што излегува на улица  со најшироката насмевка на лицето, дури и кога плаче цела ноќ во постела!

Силната жена е онаа која научила да се смее дури и тогаш кога срцето и се кине од болка!

Силната жена не дозволува гласот да и затрепери дури и тогаш кога душата и плаче со најгорчливите солзи!

Таа секогаш чекори напред со високо дигната глава без разлика што вчера била на дното!

Таа ќе направи се за луѓето што ги сака дури и кога тие ја повредуваат!

Силната жена не се губи лесно,таа знае да простува, но ако еднаш ја изгубиш знај дека  ја губиш засекогаш!

Таа секогаш е тука кога ти е потребна и никогаш нема да побара да и се одолжиш! Таа знае да те сослуша, ќе ти даде совет и ниту еднаш нема да спомне за твојата болка!

Силната жена паѓа, но секогаш се исправува без разлика на тоа колку ќе ја чини!  Таа ги води без страв битките во својот живот дури и кога знае дека со тоа ќе ги нанесе следните болни рани на себе си!

Таа никогаш не си поставува за цел да се одмазди на луѓето што ја повредиле…Таа знае дека се во животот се враќа и дека некој ден, кога и да е ќе биде среќна!

Силната жена се смее кога душата и плаче. Таа пее кога срцето и се кине, но и таа носи во себе една слаба жена, уморна од борби и битки, од предавства. Силната жена носи во себе едно девојче со скршени крила, целото во белези и рани, облеано во солзи. Едно девојче кое мечтаело за свет подобар од овој, за луѓе кои нема да ја повредат и за бреме што нема да ја скрши. За време во кое нема да мора да биде секогаш Силната жена!

Понекогаш и таа плаче, но плаче сама…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk