After Midnight

Како мажите ја замислуваат идеалната девојка?

Мажите веруваат дека идеалната девојка е онаа која има јак сексуален нагон, сака обилен оброк и е спремна за излегување за 10 мин. Покрај ова, совршената девојка се грижи за својата кариера, заработува повеќе од својот партнер а во исто време може да остане и дома, и да се грижи за децата.

Овие наизглед контрадикторни податоци, се добиени при анкета во која учествуваа преку 3.000 мажи. Додека две третини од мажите смеата дека девојката треба да се грижи засвојот изглд и за тежината, 89 % од нив сметаат дека таа треба да ужива во обилен оброк, без никакви проблеми. Овие совршени дами треба да имаат долга и бујна коса, да бидат во форма доволно долго, за да бидат самоуверени и да можат да излезат од дома без шминка.

За поголемиот број на мажи, од голема важност е, покрај себе да имаат партнерка со која ќе можат да поделат осмислени разговори се додека таа има смисол за хумор.

Додека, поголемиот број жени, изјавиле, дека е тешко да се излезе во пресрет на овие стандарди, 6 од 10 мажи веруваат дека ваквата девојка постои. А неколку контрадикторни работи во нивните желби се пречка да ја најдат онаа вистинската, изјавил портпаролот на компанијата UK Dating, која го изведе ова истражување.

Не постојат жени, кои можат секојдневно да уживаат во храната и притоа да останат витки. На крајот на истражувањето постои и мала забуна, за тоа дали мажите сакаат да излезат со девојка која се грижи за својата кариера или со онаа која сака да остане дома, како би ги одгледувала децата.

Напиши коментар