After Midnight

Како му реагира телото на твоето?

Во едно од последните истражувања на оваа тема се стигнува до интересна информација, односно дека неговото тело претрпува  неволни физички промени заради тебе.

Ни се допаѓа кога го тераме да се поти…

Твоите солзи се убиствени за неговото либидо. Во истражувањето спроведено во израелскиот научен институт Вајсман група мажи помирисале солзи на жени кои гледале тажен филм, а на други им било дадено да помирисаат солена вода. Се докажало дека групата со солзите се помалку возбудени зошто активноста во оној дел од мозокот одговорен за сексуалната активност, драстично се намалува.

Има причина зошто не ја поднесуваш миризбата кога тој ќе излезе од фитнес, но неговата пот те привлекува по време на секс. Истражувањето во Универзитетот Рајс покажало дека кога мажите се возбудени, телесниот секрет им се заситува со специфични хемикалии, кои го привлекуваат спротивниот пол.

Научници од Универзитетот на Флорида дале на испитаниците да помирисаат женска маица во различни фази на менструален циклус. На мажите на кои им биле дадени маиците на дами во овулација веднаш им се покачило нивото на тестостерон, кој пак е директно поврзан со либидото.

 

Напиши коментар