Првите симптоми на херпес вклучуваат болка околу устата и на самата усна, воспалено грло, температура и натечени жлезди на вратот. Откако ќе се појави херпесот на устата може многу да боли, и таа болка знае да потрае и до две недели.
„Кога луѓето се склони кон создавање херпеси мораат да внимаваат на стресот, недостатокот на сон и ослабениот имунолошки систем“ – истакнува Laura Knobel. Веднаш штом осетите болка во пределот на устата а знаете дека сте склони кон херпеси, веднаш намачкајте ја устата со балсам за уста со УВ фактор не помал од 15. Ова нема да го спречи излегувањето на херпесот туку тој откако ќе се појави, болката ќе биде сведена на минимум и времетраењето на самиот херпес.
Избегнувајте користење на прибор за јадење, пешкири … кои веќе ги употребуваат други членови од семејството, така ќе се заштитите себеси а и другите. Пробајте да не ја пипкате раната од херпес и постојано мијте ги рацете за да не го зголемите интензитетот и времетраењето на херпесот. Кремата за херпес не ја нанесувајте со раце. Превентивната крема против херпес никако не ја нанесувајте со прсти, за таа намена користете стапчиња за уши. Фрлете ја четката за заби откако херпесот ќе зарасне.
