After Midnight

Како спие, така љуби

Обратете внимание на тоа како спие вашиот сакан и дознајте каков е  во креветот.

*На стомак

ТОЈ Е… Фраер кој сака сé да држи под контрола. Таа потреба кај него, не престанува ниту додека спие. Тој е упорен во она што сака да го добие.

Сексуални желби и потреби:

Фраерот кој спие на стомак, се труди да ја задоволи својата сакана. Позите кои ги сака се оние кои и двајцата можат да ве задоволат, но за да ја разбиете рутината предложете му нешто ново кога најмалку очекува.

 

* На грб

ТОЈ Е …Фраер кој е сигурен во себе , оптимистичен и отворен. Додека спие, не ги сокрива осетливите делови на своето тело. За потполно да го разоткриете, погледнете ги неговите раце и дланки. Доколку рацете му се зад главата, можно е да е помалку и вообразен. Многу е друштвен и сака да биде во центарот на вниманието.

Сексуалните потреби и желби:

Сака енергични и страствени епизоди на секс и мисионерски пози, сака да ја води главната улога, а овие пози тоа и му го овозможуваат.

 

* Немирен сонувач

Тој е …Под стрес. Често ја менува позата. Но постојаното поместување во креветот, може да ви биде и знак на узбуна.

Сексуални желби и потреби:

Доколку спаѓа во оваа категорија  или сакаат многу секс или не го сакаат воопшто. Доколку е во првата категорија  приуштете му еден брзински секс, додека не се опушти.  Доколку не сака секс, немојте да го терате на сила, бидејќи додатно ќе го излудите. Послужете се со лесна масажа, а потоа можеби ќе дојде и до секс.

 

* Спиење на страна

ТОЈ Е… безгрижен, неоптоварен.. Тоа е вообичаена поза на спиење.

Оие партнери се опуштени и се склони кон компромиси. Емотивни се и копнеат за сигурност.

Сексуални желби и потреби:

Изразит емотивец има потреба за долга предигра.

 

 

Напиши коментар