Со едноставни совети кои ви ги презентираме за денес, дознајте како , каде и кога да си пронајдете дечко во рок од 30 дена…
- Распрашајте ги своите пријатели дали познаваат некој сингл дечко. Иако таквата отвореност можеби ќе ви звучи чудно, барем ќе бидете сигурни дека нема да ви препорачаат некое лошо момче.
- Прифатете ја мантрата “Немам што да изгубам”, Иако оваа изрека повеќе е нешто како клише, сетете се на храбрите девојки кои секогаш ги зграбуваат најдобрите момци.
- Вашиот поглд е клучот за се – Со лабаво наведнатаа глава од страна , погледнете нагоре низ сензуална насмевка. Оваа поза им покажува на момчињата дека е ОК, да ви пријдат и верувајте ми, делува!
- Мажите се плашат од големите женски друштва, затоа упатете се во друштво, со најмногу уште 2 другарки. Кога ќе го забележите тој кој ви се допаѓа издвојте се од пријателите и скенирајте ја просторијата. Кога ќе влезе во вашиот видокруг, испратете му го ОНОЈ поглед. На тој начин ќе го повикате, буквално да ви пријде.
- Со заводлив говор на телото распостелете ја мрежата и продрете со насмевка на секој добар тип кој ќе ви се доближи…
- Во теретана доаѓајте нешто порано, за да завземете место, покрај згодниот, од кој покасно ќе побарате приватен тренинг.
- Знаете, оние мејлови, кои колегите ви ги испраќаат за собири и дружења? Хм, па слободно, одговорете на еден.
- Наместо ручек на затворено, прошетајте до центар на градот. Кога ќе забележите згодно момче во кафич или на клупа во паркот седнете во негова близина и започнете неофициална конверзација за храната или за тоа што работите во животот…
- Придружете с во група во која директно ќе соработувате со машки, можеби во некој спортски клуб или во некоја непрофитна организација.
- Пратењето на вашиот бивш, на Facebook, заврчува веднаш. Наместо тоа , подобро, побарајте си момче во кое сте биле вљубени во средно училиште. Пратете им порака дека случајно сте ги затекнале на интернет, и дека не можете да верувате колку се промениле, на подобро, се разбира…