Celebrity

Како завршија „домаќинките“?

По цели осум години емитување, на „Очајните домаќинки“ им се ближи крајот. Како што веќе  е најавено, до крајот на серијата ќе бидат емитувани уште неколку епизоди, а во последната се случува убиство – еден од главните јунаци во филмот погинува на брутален начин, што шокираше голем број фанови на серијалот ширум светот.

Последната сезона ја обележуваат бројни кавги, пристисоци и перипетии помеѓу четирите главни актерки, како и останатите јунаци. За жал, во последната емитувана епизода погинува Mike Delfino, еден од најомилените машки јунаци од серијата. Никој не очекуваше дека Mike ќе биде убиен од еден локален мафијаш и тоа спореден лик.

Погледнете ја трагичната смрт на љубовта на Susan:

http://www.youtube.com/watch?v=gK2lcxg0DqU&feature=player_embedded

Напиши коментар