Free zone

Како жената го бира својот сексуален партнер?

Што може да на “натера” една жена да има секс со некој маж? Дали тој треба да биде висок, убав, згоден, плав, црн… Со што може еден маж да ја “намами” жената на секс. Еве кои се пресудните фактори:

Изгледот на мажот

Висината е она што најмногу ги возбудува жените. По висината тие го гледаат телото. Но, да напоменеме има разлика при изборот на маж кога жената сака врска и кога таа го прави тоа за една ноќ. Ако станува збор за секс за една вечер, тогаш физичкиот изглед е пресуден.

Мирисот на мажот

Парфемот на мажот сексуално може да ја привлече жената. Но, мирисот на мажот не подразбира само парфем. Секој човек има свој мирис. Жената ја привлекува мирис на маж кој има поинаков генетски склоп од неа.

Обликот на лицето

Досега се направени многу анкети, истражувања кои докажаа дека на жените сексуално им се привлечни мажи со остри црти на лицето.

Секси глас и движења

Длабочината на гласот и движењата исто така може сексуално да ја привлечат жената. Докажано е дека длабокиот глас ги возбудува жените. За жените посебно еротичен е мажот кој знае да танцува. На жените им се попривлечни мажи со доминантни покрети, мажи кои се движат со брзи чекори, тоа им делува доминантно во однос на другите мажи.

Напиши коментар