After Midnight

Како жените го гледаат идеалниот маж ???

Дури 86 отсто од жените ја почитуваат чувствителноста кај мажите, но 64 отсто од нив посакуваат мажот да каже „те сакам“ само кога тоа и навистина го мисли.

Јаде месо и пие пиво, вози Ауди, двапати неделно и се јавува на мајка му, висок е 182 сантиметри, има кратка црна коса, заработува околу 60 илјади евра  годишно и убаво се облекува. Вака, во истражувањето врз две илјади испитанички спроведено од модниот бренд  Austin Reed, изгледа совршениот маж,  сон на секоја жена.

Во ова интересна анкета, жените признале дека  вегетаријанец  попрво би ги одбил отколку да ги освои, да биде избричен, а пожелно би било да има и депилирани гради.

Жените нагласиле дека мажот би требало да има диплома и пристојно вработување, а 15 отсто од нив инсистирале на магистратура или докторат, пишува Vlm. Седумдесет отсто од жените признале дека сакаат да излегуваат со маж кој повеќе заработува од нив, а за 43 отсто испитанички поважно било тие да се забавуваат и смеат во друштвото со мажи отколку да водат разговори. Чувствителноста кај мажите била важна за 86 отсто испитанички, а 64 отсто од нив посакуваат мажот да каже „те сакам “ само кога тоа навистина и го мисли.

Квалитети на совршениот маж според 78 проценти од жените е … ???

– висина околу 183 сантиметри
– кафеави очи
– кратка темна коса
– „ паметен “ стил на облекување
– да пие пиво
– да е непушач
– да носи фармерки и маички
– да носи џемпери со V израз
– да е во состојба да се спреми за 17 минути
– да има стил
– да сака семејство
– да заработува околу 58.000 евра годишно
– да биде избричан
– да сака да купува
– да јаде месо
– да има мазни гради
– да гледа сапуници
– да сака да гледа фудбал
– да има завршено факултет
– повеќе да заработува од партнерката
– да биде духовит
– да биде чувствителен кога партнерката му е вознемирена
– да кажува дека ја сака само кога тоа го мисли
– да има возачка дозвола
– да знае да плива
– да вози велосипед
– да знае да промени гума

Write A Comment