After Midnight

Каков е тој по карактер – маж или момче?

Многу жени често се жалат велејќи „Се уморив веќе од мали деца, сакам вистински маж најпосле!“  Помина времето на касарните кои „произведуваа“ вистински мажи. Сега каде ги „одгледуваат“? Да ја оставиме шегата настрана, вистинските мажи прават резервација за вечера една недела претходно и ни потврдуваат со смс, а момчињата по карактер, дури забораваат да се појават на вечерата.

И така, во случај ако сакате да определите каков е вашиот, или да помогнете на бившиот да разбере зошто станал бивш, следниве споредби можат да ви помогнат.

Ситуација – Тој те кани на вечера.

Мажот – Прави резервација и потврдува ден и време, кое тебе ти одговара.

Момчето – Не прави ништо од горното. Те остава да се чудиш дали воопшто си облечена соодветно и дали треба да јадеш пред состанокот, зошто ќе ти се наложи да „почекаш малку“.

Ситуација – Втор состанок

Мажот – Организира нешто пријатно, прави план само за вас двајца, вечера, вино, или кино.

Момчето – Те кани на состанок во некој бар со неговите пријатели. Мисли дека ја завршил работата, зошто ја платил сметката.

Ситуација –  Стигнува сметката.

Мажот – Тој ја граба сметката и брза да плати без да се мота и чеша по главата. Ако побараш ти да го платиш својот дел тој не дозволува.

Момчето – Ја остава сметката да си стои. Кога ќе му предложиш пари, тој претендира, дека не сака да плаќаш, но ги зема.

Ситуација – Тој те кани кај него дома.

Мажот – Не те кани на вториот состанок, но ако го направи, а ти откажеш, тој го прифаќа отказот без да настојува повеќе.

Момчето – „Ајде деее!“ и дури разигрува сцена дека ти со отказот го повредуваш…

Ситуација – Ако правите секс, тој е премногу брз и ти го молиш малку да го забави темпото.

Мажот – Прво не брза толку многу, но ако го направи, тој го забавува темпото без повеќе да спомнеш и без колебање.

Момчето – Многу лошо бејби! Не е способен да се контролира, тој е со мисија и таа го вклучува само него! Дури и да го забави темпото, не знае што друго да прави, така да ќе треба сама да се задоволиш штом заспие.

А вие со каков маж си имате работа? Со дете или со вистински маж?

Напиши коментар