After Midnight

Каков секс ве подмладува?!

Скапите препарати и третмани за убавина, како и ботокс инекциите не се гаранција за младолик изглед. Доколку посакувате да бдете млади и однадвор и одвнатре имајте секс, но не рутински туку навистина уживајте…

Еликсирот на младоста се крие во сексот,  а вам ви преостанува да го храните своето либидо и да уживате во игрите со партнерот.

Стручњакот за намалување на појавите на стареење Сецилија Трегер, извршила истражување кое траело 25 години, во клиниката во Лондон и заклучила дека паровите кои имале редовен сексуален живот изгледале помладолико и посвежо и биле поздрави од оние кои повремено уживаат во сексот.

Најдобриот начин да го задржите младоликиот изглед е уживањето во добриот секс, но ретки се паровите кои тоа и го прават, поради преголем замор и обврски а и намаленото либидо. Најчестите причинители се цигарите, алкохолот, недостатокот на физичка активност, умор и стрес на работа кој предизвикуваат додатен губиток на либидото поради што сексот станува обврска

Најдобриот начин да го промените тоа е да го нахраните своето либидо , а најдобар извор за тоа е кујната. , вели докторката Сецилија Трегор.

“Најдобра е храната со висока нутритивна вредност. Таа ги поттикнува хормоните, буди желба и го подига либидото” вели докорката Трегор, која за поздрав живот и за младешки изглед , ја препорачува храната во 3 чекори.

Првата и најважната работа е да се нахрани мозокот, бидејки од него потекнува се. Мозокот е тој кој произведува хормони кој го поттикнуваат чувството на љубов, привлечност и желба за секс.

Храната богата со протеини поттикнува лачење на допамин , така што треба на менито да го ставите месото, рибата, грашакот и цвеклото, а и витамините и минералите кој се ноѓаатво зеленчукот

Естрогенот, тестостеронот се хормони кој ја будат сексуалната желба а се заслужни и за постигнување на оргазам. Со секој оброк бидете насочени да внесете доволна количина на протеини, кои ќе делуваат на висината на естрогенот. На тањирот секако ставете и лиснат зеленчук кој ја подига висината на дехидроепиандростендионот.

Внимавајте со внесувањето на алкохолот, кафе, цигари , бидејки тие го спуштаат либидото.

 

Write A Comment