Free zone

Каква брада таков карактер

Мажите се повеќе внимаваат на својот изглед. Ги пратат модните трендови и за да го задржат младешкиот изглед посветуваат големо влијание на негата. Сакаат да изгледаат убаво, секси, заводливо, мажествено па и посветуваат внимание на својата брада… Е токму брадата кажува многу за нивниот карактер.

Уредна брада

Жените едноставно ги обожаваат мажите со уредна брада. Мажите со ваква брада се многу зрели ноистовремено и многу свесни дека се неодоливи.

Козја брадичка

Многу мажи денес се одлучуваат за ваква брада. Тие се елегантни, шармантни и многу забавни. Имаат ведар дух. Старите мажи со ваква брада изгледаат помладо бидејќи им ги покрива брчките, а воедно се и модерни.

Бркови

Многу мажи сакаат бркови, но за жал не му стојат на секого. Мажите на кои убаво им стојат бркови се полни со самодоверба, имаат свој став во животот, сакаат сами да постигнуваат се и не се плашат да го покажат сето тоа.

Брада од неколку дена

Мажите со ваква брада покажуваат дека се зрели, добри и дека сакаат да изгледаат модерно. Тие мажи се организирани, знаат што сакаат и имаат нерви и трпение за да го добијат она што го сакаат.

Мажи со тенки бркови

Тие се многу мистериозни, креативни и ги поседуваат вистинските човечки особини.

Мажите без брада

Тие редовно се бричат, свесни се дека изгледаат убаво па не им треба нешто да им го “украси” лицето. Тие се убави, поштени и верни.

Напиши коментар