After Midnight

Каква врска постои помеѓу сексот и чоколадото ???

Иако долго време се истражуваше што повеќе го подигнува нивото на ендорфин… Научниците потврдува дека едното не го исклучува другото…

Во истражувањето спроведено во Милано, учествувале околу 200 жени кои одговарале на прашањето како чоколадото влијае на нивниот сексуален живот. Резултатите покажале дека жените кои секојдневно јадат чоколадо, се позадоволни со својот сексуален живот, за разлика од жените кои се скратени од ова задоволство. Жените кои имале ниско либидо, изјавиле дека нивната сексуална желба се зголемила по консумирањето чоколадо.

Уживањето во чоколадото овозможува ослободување на ендорфин, кој предизвикува чувство на задоволство и среќа, кое го имаме кога сме во здрава сексуална врска. Чоколадото содржи фенилетиламин, кој го поттикнува производството на допамин, чие ослободување е поврзано со задоволството од оргазмот.

Научниците тврдат дека топењето на чоколадото во устата ја зголемува активноста на мозокот и работата на срцето кои се посилни дури и од страственото бакнување.

Напиши коментар