After Midnight

Какви „играчи“ во љубовта се жените според крвната група???

Одамна е познато дека едни од најуспешните диети за слабеење се оние кои се базираат на различните крвни групи. Се докажа дека и во љубовта е така – сексуалниот темперамент и компатибилноста на партнерите зависи најмногу од крвната група.

Жени со крвна група 0

Страста на овие жени нема граници. Тие се идеалните љубовници и секогаш ги оправдуваат и задоволуваат машките очекувања и потреби. Овие жени се одликуваат со силно изразен интелект, што  заедно со нивниот вроден сексапил е убиствена комбинација на која тешко може да и се одолее. Убавата страна кај овие жени е фактот што знаат да ја ценат љубовта и имаат јасна претстава за нејзината суштина, па затоа нејзиниот сексуален темперамент и силни емоции се единствено за мажот со кој моментално е во врска. На овие жени им треба стабилен маж што ќе знае да ги цени нејзините квалитети  и да ги споделува нејзините погледи за љубовта и животот воопшто. Можеби ќе и треба малку повеќе време, но на крај секогаш го наоѓа вистинскиот.

Жени со крвна група А

Жената носител на крвна група А има една специјална особина што е типична само за нив и вие веднаш ќе ги препознаете. Тоа се луѓето кои знаат што сакаат во животот, луѓето со цврсто изградени ставови и принципи, луѓето кои изгледаат како карпа, но внатре во себе носат огромно, топло срце, полно со правда и љубов за целиот свет. Со овие жени мажите не можат да манипулираат бидејќи имаат толку силна интуиција, па дури и пред првиот чекор на мажот, таа веќе знае за неговите намери. Од овие жени не барајте авантури и површни емоции. Жената А е жена за цел живот! Секогаш знае да го направи вистинскиот избор.

Жени со крвна група  Б

Жените со крвна група Б често ризикуваат и се чувствуваат слободни во сите сфери на животот. Не им поставувајте граници на овие жени. Таа не е птицата што можете да ја чувате во кафез. За жената Б сексот не е пресуден. Нејзините основни приоритети се довербата и искреноста во врската. Постојано се во потрага на она вистинското, бидејќи длабоко во себе тие веруваат и знаат дека она што им е судено еден ден ќе го најдат. Можеби за кратко ќе успеете да ја заведете жената Б, но таа многу брзо како со рендген ќе ги насети вашите намери и тогаш најдобро да не и сте на патот.Играат чесно и лесно ги елиминираат луѓето со маски од својот живот.

Жени со крвна група АБ

Жените со крвна група АБ се хиперсексуални и во однос на сексуалниот темперамент и вештини се непобедливи. Мажите кои имале во својот кревет жена АБ никогаш не ја забораваат. За неа сексот не е механика туку е сплет од емоции, страст, сензуалност, нежност и агресивоност во едно. За силното либидо како нивното мечтаат сите мажи.  Меѓутоа жената АБ свесна за своите квалитети тешко може да се освои и ќе ви треба навистина многу време за да и докажете колку многу ви значи, да ја опсипувате со комплименти и внимание за на крај да ви го отвори нејзиното срце. Од сите мажи во нејзиниот живот само еден ќе има пристап до нејзиното срце и душа. Оние што не знаеле како да играат со неа, покасно многу ќе сожалуваат што ја изгубиле знаејќи дека кај неа нема враќајне назад.

Напиши коментар