Celebrity

Калиопи ја однесе Македонија во европското финале!

Конечно се оствари и долгогодишниот сон на Македонија, па овој пат Калиопи, по четири години пауза, успеа со својата песна „Црно и бело“ да се пласира во финалната вечер на Евровизија, која оваа година се одржува во Баку, Азербејџан.

Во конкуренција на 17 други нумери, нашата пејачка дива успеа заедно со Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Литванија, Малта, Норвешка, Украина, Шведска и Естонија да избори пласман во големото европско финале.

Успешната изведба и неверојатниот аражман е тоа што ѝ помогна на Калиопи да добие можност да ја претставува нашата земја во сабота. Искуството сепак си го направи своето и нашата пејачка не остави ништо на случајот. Се погрижи сѐ да биде совршено.

Уште еднаш најголеми честитки, па стискаме сите палци за што е можно повисок пласман утре. Погледнете го уште еднаш настапот на Калиопи во Баку, во случај да сте ја пропуштиле втората полуфинална вечер:

Напиши коментар