Celebrity

Евровизија: Калиопи на 13-то место, победи фаворитот Шведска со „Euphoria“!

Вчера вечер, во Баку, Азербејџан се одржа 57-от по ред избор на песна за Евровизија. Од вкупно 26 земји учеснички, како најдобра се покажа шведската претставничка Loreen, која ги имаше освоено срцата на Европа уште пред самото финале. Обложувалниците ѝ беа наклонети на нејзината нумера со наслов „Euphoria“ уште од самиот почеток.

Со неверојатни 372 поени, Шведска беше дефинитивен победник на овој музички фестивал, а далеку позади неа останаа Бабушките од Русија со 259 поени, Србија и Жељко Јоксимовиќ со 214, Азербејџан 150 со и Албанија со 146 поени.

Нашата Калиопи, за која очигледно не сме лобувале колку што е потребно, но имаше фантастичен и моќен настап, заврши на скромното 13-то место со 71 поен, што е сепак огромен успех за нашата земја. Честитки за нашата Калиопи и „Црно и бело“!

А, еве го и настапот:

http://www.youtube.com/watch?v=T-PguSbM4iM

Напиши коментар