Celebrity

Камерон Дијаз е бремена?! :)

Да, но само на филм.

Објавени се постерите за најновиот филм на Камерон Дијаз, на кои слатката плавуша има прилично позаоблен стомак отколку вообичаено. Светската премиера на „What to Expect when You’re Expecting“ треба да се случи во мај, а Камерон Дијаз не е единствената во филмот која се обидува да се снајде со мајчинската улога.

Моментално еден од најпознатите супер модели Бруклин Декер решила да го смени текот на својата кариера, па ќе глуми рамо до рамо со Камерон. Постерите се пропратени со реплики на главните актерки. Под сликата со Камерон пишува:

–          Да знаев дека ќе имав олкави гради, одамна ќе му дадев на некој да ме напумпа.

Под постерот на Бруклин стои:

–          Имам вишок енергија и страшно сум напалена.

Во филмот глуми и Џенифер Лопез.

Ова е трејлерот:

http://www.youtube.com/watch?v=9wuIltIHQXY&feature=player_embedded

Напиши коментар