На една плажа во Кан бил подигнат шатор во облик на пирамида во кој 200 одбрани гости присуствувале на светската премиера на краткиот филм „Cruel Summer“ дело на Kanye West. Филмот е снимен во престолнината на Катар, Доха, а главните улоги им се доверени на либанската актерка Razane Jammal и Палестинецот Ali Suliman.
Филмот говори за еден крадец на автомобили, кој сретнува една мистериозна и слепа Арапка. Единствениот начин да добие дозвола од нејзиниот татко да се ожени со неа е да ѝ помогне да прогледа.
Остварувањето било прикажано на 7 екрани истовремено, а еве зошто:
– Луѓето секогаш ги проверуваат пораките на телефон додека се во кино или на кошаркарски натпревар, тоа е поради количината на информации кои денес ги добиваме од сите страни, – изјавил режисерот West.
Помеѓу избраните гости се нашле Jay Z, Kim Kardashian, како и актерите од филмот.