Kate Moss наводно планира да сними дует со ѕвездата од „Самрак сагата“ Kristen Steward. Kate Moss досега имала неколку излети во светот на музиката, а новата песна ја напишал нејзиниот сопруг Jamie Hince од бендот „The Kills“.
Британската манекенка смета дека актерката Kristen би била совршен кандидат за снимање на тој дует.
– Kate ја запозна Kristen и се спријателија. Младата актерка го обожава бендот на Jamie и целосно се согласува со идејата за дует, – изјавил извор близок на Steward.
Двете убавици ќе имаат прилика да го договорат терминот за снимање во студио, а тоа најверојатно ќе се оствари во април, кога заедно би оделе и на музичкиот фестивал Cochella.
