Celebrity

Katy Perry како војник во новото видео!

Во следното видео за песната со наслов „Part of Me“ Katy Perry нема да изгледа така привлечно и софистицирано како и секогаш. Ќе биде облечена како војник, со војнички оклоп, а лицето ќе ѝ биде прекриено со боја која се користи за камуфлажа на терен.

Видеото е снимено во една војничка база пред неколку недели, а премиерно треба да биде прикажано на 21-ви Март на MTV. На видеото ќе му претходи интервју со пејачката кое ќе трае околу 30 минути.

Песната е дел од албумот на Katy Perry со наслов „Teenage Dream: The Complete Confection“ кој треба да излезе на 27-ми Март, а самата песна е напишана пред две години од страна на пејачката.

Тука ви го претставуваме тизерот за видеото во траење од 23 секунди:

http://www.youtube.com/watch?v=gVuCjZiT7UU&feature=player_embedded

Напиши коментар