Celebrity

Katy Perry во војска! :)

Katy Perry тргнува во војска во музичкото видео за песната „Part of Me“, прв сингл од повторното издание на албумот „Teenage Dream“.

Видеото е во режија на Ben Mor и приказната во него е за едно љубовно разочарување кое ја присилува пејачката да се запише во редовите на маринците и да тренира со нив под тешки физички услови.

Видеото е снимано во една воена база во Калифорнија, а некои од сцените се доста емотивни, на пример таа кога Katy пее под американското знаме. Песната е веќе голем хит, а високо котира и на музичката „Billboard“ листа.

Погледнете го и сами видеото на Katy Perry – маринецот:

Напиши коментар