Секакви ситници говорат за нас. Од цртите на лицето, па положбата на спиење, изборот на парфем… сè тоа покажува каква личност сме. Но, дали знаевте дека и автомобилот зборува за вас?
Психолозите сметаат дека мажите со своите автомобили сакаат да докажат дека се алфа мажи, односно дека се водачи на чопорот. Е сега не може секој да си го купи она што го сака, па да речеме откријте каков сте во зависност од тоа кој е вашиот омилен автомобил.
Оние кои сакаат BMW

Тоа се мажи кои ја ценат ексклузивноста, сакаат да се истакнат во јавноста, и внимателно го следат сопствениот животен стил. Имаат истражувачки дух и потреба од слобода и автономија.Статистиката покажала дека се склони кон ризици и многу често се занимаваат со некој опасен спорт.
Љубителите на Mercedes

Се мисли дека оние кои успеале да си купат Мерцедес се качиле на тронот и тешко дека некој ќе ги симне од таму. Тоа се самоуверени мажи кои со самата своја појава пленат. Сакаат да ја покажат својата доминантност, стручност, спонтаност. Тоа се мажи кои ја сакаат сигурноста.
Мажите кои сакаат Audi

Тоа се мажи кои одат наред и ништо не може да ги спречи. Брзо просперираат и се истакнуваат. Сакаат промени и лесно се прилагодливи.
Љубителите на Порше

Тоа се мажи кои физички се атрактивни, наат како со жените и се помалку арогантни. Самоуверени се и брзо донесуваат одлуки во животот. Една студија докажала дека мажите кои се сопственици на Порше имаат најактивен сексуален живот, дали поради фактот дека имаат Порше па жените повеќе ги сакаат не се знае:)))
Возачите на Опел и Форд

Тоа се стабилни мажи кои сакаат самите да постигнуваат успеси во животот. Сами создаваат, и предизвик им е кога треба да почнат од нула, за на крајот да докажат дека тие навистина се способни. За нив се мисли дека се срамежливи.
