Celebrity

Кети Пери ја промовираше новата песна!

Кети Пери ја промовираше својата најнова песна „Part of Me“ на овогодинешното доделување на Греми наградите во Стејплс центарот во Лос Анџелес, кое се одржа вчера, рано изутрина.

Пејачката која минатата недела ги потпиша документите за развод  не губи време. Со полна пареа и свежа енергија ја изведе песната најдобро што можеше. Облечена во сребрено-златна комбинација која повеќе наликуваше на роботска обвивка, Пери му даде до знаење на својот сега, поранешен сопруг дека тоа што го изгубил е скапоцено.

Прво ја испеа познатата „Е.Т.“, а потоа и новиот сингл, кој ветува многу. А, можеби, во дел од текстот Расел успеал и да се пронајде…

А, вака изгледаше Кети Пери на црвениот тепих:

Напиши коментар