Celebrity

Кети Пери ќе снима 3D документарец!

Пејачката Кети Пери е веќе во преговори со филмските студија „Paramount Pictures“ и „Imagine Entertainment“, а нејзината идеја е да создаде документарен филм во кој ќе се прикажуваат нејзините настапи во живо.

Медиумите шпекулираат дека Кети тргнала по стапките на младиот Бибер, кој го направи токму истото нешто, со разлика што Кети сака својот документарец да го направи во 3D верзија. Засега е рано да се каже дали овој проект на Пери ќе се оствари, бидејќи сеуште не е најден ни режисер кој би го снимил документарецот.

Овој тренд стана доста популарен во последно време и се повеќе музички ѕведзи прават огромни пари на документарци засновани врз сопствените настапи и одвивањето на својата кариера. Засега, рекордот го држи незаменливиот Мајкл Џексон.

Напиши коментар