Celebrity

Ќе има „Кум 4“!

Студиото „Paramount“, кое е сопственик на авторските права на делото од Mariо Puzо, го потврди снимањето на четврто продолжение од култната сага за семејството Corleone.

Главните извршители од филмското студио конечно се договориле околу снимањето на новото продолжение од филмот „Кум“. Дејството во овој дел временски ќе биде сместено пред случувањата од првиот дел на култната триологија во режија на Francis Coppola.

Филмот ќе се прави врз основа на книгата „The Family Corleone“, која во продажба излезе неодамна, а е базирана врз сценариото на Puzo, кој почина во 1999 година. Првата книга „The Godfather“ излезе во 1969 година и веднаш стана бестселер.

Напиши коментар