Сеуште не започнало прикажувањето на „мрачната бајка за Снежана“, а веќе се во тек подготовките за вториот дел на приказната.
Приказната за Снежана (Kristen Steward) и злата кралица (Charlize Theron) која го праќа ловецот (Chris Hemsworth) во шумата да ја пронајде „најубавата на светот“ и убие, треба да добие продолжение уште наредната година.
Kirsten и Charlize се подготвени да ги репризираат своите улоги, а на режисерто Rupert Sanders ова ќе му биде прв пат да работи на продолжение на некој свој филм. Засега не е познато кога ќе се почне со снимањето, а сценариото повторно би требало да го напише David Koepp.
Инаку првиот дел почнува да се прикажува во кината на 1-ви Јуни.
