Celebrity

Ќе има 35-ти албум на Bob Dylan!

Музичарот Bob Dylan веќе работи на својот најнов студиски албум. Легендата на фолк и блуз музиката наводно веќе е во студиото во Лос Анџелес, каде со неколку други музичари снима нов материјал. Сo нив ќе биде и David Hidalgo од „Los Lobos“ кој соработуваше со Dylan и на неговиот албум од 2009 година со наслов„Christmas through the Heart“.

–          Тоа е неверојатно искуство  и многу поинакво од останатите. Благослов е да се работи со Dylan, чувствувате проток на креативност. Не знам како му успева сето тоа, – изјавил David кој додал дека сеуште не го знае насловот на новиот албум, но знае дека ќе биде под влијание на мексиканската етно музика.

Инаку, ова е 35-ти по ред студиски албум на Bob Dylan.

Напиши коментар