Откако минатава година третиот дел на еден од најпознатите хорор филмови „Paranormal Activity“ доживеа огромен успех, од „Paramount Pictures“ планираат оваа година да има уште едно продолжение. Од студиото официјално изјавиле дека освен четврт дел на хорор филмот ќе следат и доста други големи проекти.
Дел од филмовите кои не очекуваат оваа година се: зомби трилерот „World War Z“ со Бред Пит, „The Rock“, потоа „The Dictator“ со Саша Барон Коен и многу други.
За „Paranormal Activity“ сеуште нема подетални информации, освен дека сигурно ќе има и четрвт дел. Последниот дел излезе на 21-ви Октомври и заработи 54 милиони долари за само еден викенд, плус 202 милиони долари ширум светот. Да не заборавам, снимањето на филмот чинело само 5 милиони долари!
