Режисерот Гај Ричи потпишал договор за снимање на наредното продолжение од приказната за познатиот детектив од улицата Бејкер.
Ричи (43) дефинитивно ќе го режира и третиот дел од филмот со Роберт Дауни Џуниор и Џад Лоу во главните улоги. Вториот дел на филмот за Шерлок Холмс насловен како „Шерлок Холмс: Игра на сенки“ стигна во кината ширум светот кон крајот на минатата година, а сценариото за третиот дел ќе го напише Дру Пирс, кој го има напишано сценариото за филмот „Железен човек 3“.
Не е познато кога ќе започне снимањето во Лондон, бидејќи засега „Шерлок“ е врзан за Лос Анџелес, каде живее со својата жена Сузан која треба да се породи за неколку месеци.