Celebrity

Ќе има и втор дел на филмот „Тор“!

Продолжението на приказната за арогантниот нордиски војник кој што е прогонет на Земјата ќе стигне во светските кина кон крајот на 2013 година.

Британскиот актер Том Хиделстон, кој ја играше главната улога во филмот „Тор“, открива за медиумите дека снимањето на продолжението треба да почне ова лето во Лондон.

–          Не сакам да откривам детаљи, но ќе ви кажам дека треба да поседувате одредени вештини за да станете дел од мојата армија, – изјавил Том и додал дека снимањето започнува летово, на чело со режисерот Алан Тејлор.

Улогите најверојатно ќе ги репризираат главните актери од првиот дел, односно Крис Хемсфорт и Натали Портман.

Напиши коментар