Celebrity

Ќе ја нема Angelina Jolie во „Salt 2“?!

На актерката Angelina Jolie не ѝ се допаднало сценариото за продолжението на акциониот филм од 2010 година.

Сценариото повторно ги пишувал Kurt Wimmer, но Jolie не била задоволна од понудениот текст, па одбила да се појави во продолжението на филмот „Salt 2“ чие снимање би требало да започне на лето.

Првиот дел постигна голем успех во кината ширум светот и тоа благодарение на Angеlina, па сега сценаристот забрзано работи на втора верзија на сценариото за која се надева дека ќе ѝ се допадне на актерката.

–          Таа не сака да прифати улога со која не може целосно да се соживее. Сценариото за првиот дел беше убедливо, но за вториот не ѝ се допадна воопшто, – изјавил близок пријател.

Напиши коментар