Celebrity

Ќе почекаме за новиот албум на AC/DC

Гитаристот на групата „AC/DC“ – Malcolm Young вели дека фронтменот на бендот Brian Johnson бил малку повеќе оптимист кога на фановите им ветил дека новиот албум на бендот ќе се објави најдоцна до 2013 година, а можеби и кон крајот на оваа година.

–          Знаете каков е Brian – ќе каже нешто и си заминува. Не дека не работиме, ние секогаш нешто свириме, комбинираме, создаваме нови идеи, но снимањето на албумот сигурно ќе потрае година, можеби и две… Ни требаат неколку години да се одмориме и поработиме на новиот албум, – изјавил Young.

Минатата година групата го издаде DVD-то „AC/DC Live at River Plate“ и истоимениот компакт диск со песни снимени во живо.

Напиши коментар