Celebrity

Clint Eastwood – дел од реално шоу!

Семејството на легендарниот Clint Eastwood одлучило да снима реално шоу под наслов „Mrs. Eastwood & Company“. За време на емитувањето на шоуто на гледачите ќе им биде овожможено да ѕирнат во приватниот живот на семејството на славниот режисер и актер.

Веста за која се зборуваше веќе подолго време сега е потврдена. Телевизиската куќа „Е!“ премиерно ќе започне да го прикажува реалното шоу на 20-ти, а во него ќе се појави и самиот Clint. Шоуто ќе го следи неговиот живот и животот на неговата сопруга Dina која е со него во брак од 1996 година.

Ќе се појават и нивнаите ќерки Morgan (15) и Francesca (18), кои Clint ги добил додека бил заедно со Frances Fisher.

Напиши коментар