← НАЗАД НА БОЗА

Ваквиот маж ќе ти го скрши срцето! Препознај го!

Ваквиот маж ќе ти го скрши срцето! Препознај го!
2859 Читања

За жал одговорот многу почесто е „Да“. Па затоа бидете внимателени на следниве сигурни знаци, кои покажуваат дека за таквиот маж нема место во вашиот живот.

Тој е пасивната страна. Ти си таа која секогаш пројавува иницијатива, ти прва го бараш, организираш состаноци и сл. Биди сигурна дека кога на неговиот хоризонт ќе се појави нешто поинтересно, средбите ќе ви „секнат“.

Тој е негативист по душа. Постојано и за се во животот има замерки, а ти се грижиш да му го подигнеш духот и да го направиш среќен. А во одговор добиваш закачливи забелешки за тоа како размислуваш елементарно и се задоволуваш со малку…не можеш да сватиш што му е, иако и твојот живот исто така не е цвеќе за мирисање!

Тој е крајно самоуверен. Кога подобро го запозна, виде дека е повеќе одошто треба самоуверен. Секогаш тој е „по“ во однос на сите останати дури и во однос на тебе.  Сакаш ли партнерот нонстоп да ти демонстрира дека тој е кралот во џунглата на животот?

Одвреме навреме си подлажува. Мажот за кој зборуваме е во состојба да не ти ја каже вистината за апсолутно се без ни малку грижа на совеста и без око да му трепне. Ова е незрела личност, која е неспособна да се справи со последиците од своите постапки и да се соочи со фактите како што се прави во една нормална и сериозна врска.

Многу често и редовно те навредува. Сите сме биле сведоци на ситуација во кој партнерот ја навредува и омаловажува својата партнерка. За сите очевидци станува јасно дека тој не ја цени, но што е тоа што ја тера таа жена сеуште да биде со него?  Правилната одлука во овој случај е да го предупредиш дека ваквото однесување не ти се допаѓа и ако продолжи ќе мора да си го промени статусот во сингл.

Тој те држи на прагот од својот живот. Веќе подолго време сте заедно, но засега тој не покренува иницијатива да те упознае со било кого, ниту пак прави некакви планови за заедничка иднина за вас двајцата.

Во прицип не сака сериозна врска. Е како сакаш од еден тинејџер по душа, што не сака да превземе се уште никаква одговорност, да се „насамари“ со семејство? Ти си веќе зрела за свадба и семејство, а се што сака вашиот партнер е само забава без обврски.

Не ти е верен. Добро, бил многу пијан и таа „другата“ му се обесила на вратот најбезсрамно. Но каде е границата дека ова нема пак да се повтори?

Изневерата е малку како убиството. Додека правиш планови умираш од страв да не те фатат. Но кога ќе го реализираш планот гледаш дека било многу лесно. Со тек на време стануваш се подобар и подобар…а не обратното на што се надева вљубената жена со скршено срце.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk