Celebrity

Ќе врескаме ли заедно на серијата „Врисок“?

По повеќе од успешни четири продолженија на филмот „Врисок“, продуцентите на истиот имаат намера да направат адаптација на филмот во телевизиска серија, која ќе се прикажува на музичкиот канал MTV.

Засега, многу малку се знае за овој проект и неговите учесници, а под знак прашалник е и соработката со сценаристот на оригиналната верзија, Kevin Williams. Нема потврда ни од режисерот на оваа франшиза, која заработи повеќе од 500 милиони долари ширум светот.

Сепак, фановите на серијалот биле воодушевени од оваа вест. Очекуваме да видиме каков успех ќе има серијата и колку гласно ќе врескаат фановите кога таа ќе почне да се прикажува на малите екрани.

Write A Comment