Sweet Home

Класични кујни – безвременска убавина

Секој сака модерна кујна но модерното застарува….
Модерното е секогаш интересно, тренди, со нови додатоци, high tech елементи. Но, класичното е секогаш модерно. Безвремениот и универзалниот карактер на класичните кујни ги прават многу попопуларни од модерните. Причината за тоа според дизајнерите е окото на човекот. Окото го забележува вкусното и безвременското, модерното здосадува…
Еве неколку прекрасни традиционални кујнски дизајни кои ќе Ве однесат во убавината, елеганцијата и шармот на последните неколку децении. Интересни, деликатни дизајни со добро дефинирани тематики. Повеќето од нив се во дрвено издание, но некои се изработени во прекрасни бои и тонови. Класичните декоративни елементи како ѕидни часовници, плетени кошници, цветни аранжмани и интереси садови кои ќе го привлечат вашето внимание се само дел од овие традиционални кујнски дизајни.

 

Write A Comment