Celebrity

Клеопатра остана без режисер

Дејвид Финчер се повлече од снимањата на филмот за Клеопатра во кој главната улога го има Анџелина Џоли. Сега за сега не се познати причините заради кои тој се повлече, но странските медиуми шпекулираат дека причината е несогласувањето на Сони со Дејвид.

Имено, режисерот сакал да ја направи приказната така што сите случувања во врска со Клеопатра ќе се случуваат во денешно време и би се прикажало како тоа би било кога Клеопатра би живеела во денешницата. Но, Сони не се сложи и не ја поддржа идеата на Дејвид па соработката пропаднала.

Инаку овој филм требаше да почне со снимање есенва, па најверојатно снимањето ќе биде одложено. Анџелина дефинитивно останува наследничка на Елизабет Тејлор за главната улога во овој филм.

Напиши коментар